Достапни линкови

Груевски оствари средба со романскиот премиер Понта


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Романија останува силен поддржувач на Македонија на нејзиниот пат кон евроинтегративните процеси. Оваа порака на македонскиот премиер Никола Груевски му ја пренесе неговиот романски колега Виктор Понта на средбата во Букурешт.
Груевски го запознал Понта со напредокот што Македонија го има направено во евроатланските интеграции, какои со проблемите со кои се соочува државата околу влезот во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ. Двајцата премиери разговарале и за интензивирање на економската и трговската соработка, а биле разгледани и можностите за инвестирање.
XS
SM
MD
LG