Достапни линкови

logo-print

Канада: почнува Меѓународниот форум за безбедност


Во канадското атлантско пристаниште, Халифакс денеска почнува Меѓународниот форум за безбедност, еден оид најголемите собири од овој вид во светот.
Овогодинешниот, петти по ред Форум ќе го отвори канадскиот министер за одбрана, Роб Николсон , а ќе се соберат околу 300 истакнати претставници на влади, воени, дипломатски, медиумски и други експерти од различни профили од 50 држави. Во наредните три дена ќе се разгледуваат широк дијапазон теми директно или индиректно поврзани со глобалната безбедност. На дневен ред се нанјевралгичните точки во светот како што се Сирија, Египет, Иран, Мали, Северна Кореја и други.
XS
SM
MD
LG