Достапни линкови

logo-print

Северна Кореја и се закани на Јужна Кореја со „море од оган“


Северна Кореја се закани дека ќе го преплави перетседателскиот кабинет на Јужна Кореја со “море од оган“.Оваа закана од Пјонгјан доаѓа откако во Јужна Кореја започна воената вежба за одбележување на гранатирањето на островот Јопријанг од страна на Северна Кореја во 2010 година. Четири лица загинаа при тој напад кој Северна Кореа го спроведе како одговор на воената вежба на Јужна Кореја во спорните води. Тоа е најсериозниот пограничен инцидент на корејскиот полусотров по корејската војна.
XS
SM
MD
LG