Достапни линкови

Во Македонија и во Германија акција за разбивање на „Хамбург мафија“


Меѓународна полициска акција е во тек во Скопје и во Хамбург за приведување членови и разбивање на таканаречената „Хамбург мафија“ која се занимавала со изработка на лажни лични карти, патни исправи, возачки дозволи. Изработувале лажни документи од земјите на Европската Унија, најчесто Бугарија, Грција и Италија. Во Скопје, главната улога преку која поединци - членови на „Хамбург мафијата“ вршеле продавање за одредена сума пари на лажни лични документи, ја имало друштво регистрирано за трговија и туризам „FBI“ лоцирано во Старата скопска чаршија. Еден од осомничените е и сопственикот на туристичката агенција, информираат од МВР.
XS
SM
MD
LG