Достапни линкови

logo-print

Лешниците ја намалуваат опасноста од рак и срцеви заболувања


Луѓето кои редовно користат лешници во исхраната значително помалку се изложени на ризикот да заболат од рак или од срцеви заболувања. Ова го покажа 30 годишното испитување на универзитетот Харвард. За тој период биле следени 119 илјади мажи и жени при што било утврдено дека секојдневното јадење лешници за 20 насто ја намалува смртноста од овие заболувања. За здравјето биле добри и кикириките, фстаците и оревите. Дополнителна корист од лешниците е тоа што тие придонесувале и за слабеење.
XS
SM
MD
LG