Достапни линкови

logo-print

Московската полиција во нова акција против илегални имигранти


Руската полиција денеска во Москва упасила над илјада имигрантски работници во еден трговски центар во населбата Љублино. Акцијата на полицијата била фокусирана врз потрага по илегални имигранти и лица кои сториле некој криминал. Притоа биле запленети и големи количества фалсификувани производи. Московските власти ги зачестија акциите против илегалните имигранти по убиството на едно момче од страна на работник од Азербејџан. Тој инцидент предизвика и бран насилни протести на руските националисти.
XS
SM
MD
LG