Достапни линкови

Јанкуловска: граѓаните имаат доверба во полицијата


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска информира дека се преземаат мерки за расчистување на синоќешниот инцидент во кој беа повредени осум деца при напад од група малолетници во автобус со број 65, во близина на село Стајковци.
Во врска со барањето на жителите на Стајковски за отворање полициска станица, министерката Јанкулоска нагласи дека тоа и барањето за поголемо присуство на полицијата е само доказ дека граѓаните имаат доверба во нас и сметаат дека можат да се потпрат на полицијата.
Според Јанкулоска, зачестените вакви инциденти, не се само од безбедносно прашање, туку, подвлече, проблемот може да се лоцира и во нарушениот систем на вредности.
XS
SM
MD
LG