Достапни линкови

Обвинение од ЕУЛЕКС против „Групата од Дреница“ за воени злосторства


Илустрација: Екскумација на можни жртви на воени злосторства во Косово.

Илустрација: Екскумација на можни жртви на воени злосторства во Косово.

Специјалното обвинителство на Косово денеска покрена обвинение против 15 лица, членови на „Групата од Дреница“, обвинети за воени злосторства врз цивилно население, апсење, малтретирање и нечовечко однесување врз лица во центар на ОВК во Ликовац, во близина на Скендерај во 1998 година.

Според соопштението на ЕУЛЕКС, кое го пренесуваат косовските медиуми, обвинителниот акт е покренат во Основниот суд во Косовска Митровица од страна на меѓународниот обвинител, Маурицио Салустро.

Меѓу обвинетите е Сулејман Селими, поранешен Командант на Генералштабот на ОВК, познат под псевдонимот „Султани“ (Султан). Селими по косовската војна беше Командант на безбедносните сили на Косово, додека минатата година Хашим Тачи го именува за прв косовски амбасадор во Албанија и тој, иако повеќе од шест месеци е во притвор, сè уште официјално е на истата функција.

Со подигнувањето на овој обвинителен акт, овој случај е трет високо профилиран случај за воени злосторства подигнат од страна на ЕУЛЕКС, од почетокот на мисијата во 2008 година.
XS
SM
MD
LG