Достапни линкови

Папата Франческо ќе го прими Путин во Ватикан


Папата Френческо ќе го прими рускиот претседател Владимир Путин на 25 ноември. Како што објави Ватикан ова ќе биде нивнна прва средба.
Путин се сретна и со претходниците папата Бенедикт и покојниот папа Јован Павле Втори. Односите меѓу Москва и Ватикан се затегнати по распадот на Советскиот Сојуз.
Руската Православна Црква имено ја обвинува Католичката црква за обиди да конвертира меѓу верници меѓу праавославните а Ватикан тоа го негира.
Јован Павле Втори почина во 2005 година, без да му се исполни сонот за посета на Русија во надеж за подобрување на односите.
XS
SM
MD
LG