Достапни линкови

logo-print

Емомали Рахмон цели на четврти мандат


Во Таџикистан денеска се одржуваат претседателски избори и се очекува, актуелниот претседател Емомали Рахмон лесно да стигне до неговиот четврти мандат. Останатите петмина кандидати се релативно непознати за јавноста, а за време на државно финансираната предизборна кампања се воздржуваа да ги критикуваат политиките на владата. Опозициските социјалдемократи соопштија дека ќе ги бојкотираат изборите, со образложение дека во предизборната кампања се кршел Уставот и оти изборите се „државно организиран фалсификат“. ОБСЕ ги критикуваше државно контролираните медиуми дека во нивните известувања се фокусирале исклучиво на кампањата на Рахмон. Пристапот до Јурјуб, како и до еден популарен независен интернет портал, беа делумно блокирани во пресрет на изборите. Таџикистан е една од најсиромашните земји во Централна Азија, со висока стапка на невработеност и голема корупција.
XS
SM
MD
LG