Достапни линкови

Локални избори во Косово


Гласањето во Косово

Гласањето во Косово

Во Косово денеска се одржуваат локални избори, на кои учествуваат 103 изборни листи со вкупно 7.932 кандидати за советници. Право на глас имаат 1.779.357 граѓани кои ќе избирааат советници и градоначалници во 39 општини. Од вкупно потврдените 103 изборни листи, 38 се албански, 33 српски, а останатите се листи на независни кандидати, како и на Бошњаци, Турци, Роми, Црногорци, Хрвати, Горанци и Ашкалии.
Изборите ќе ги следат локални и меѓународни набљудувачи. За безбедоста на изборите се задолжени 5.500 косовски полицајци, а ќе бидат ангажирани и меѓународните мисии ЕУЛЕКС и КФОР. Првите прелиминарни резултати од денешното гласање се очекуваат утре, а официјални најдоцна до 6 ноември.
XS
SM
MD
LG