Достапни линкови

Русија бара објаснување од САД за ставањето на пејачот Лепс на црна листа


Пејачот Лепс

Пејачот Лепс

Руското министерство за надворешни работи побара од САД да објаснат зошто ставиле на црна листа популарен руски пејач и поддржувач на претседателот Владимир Путин. Американското министерство за финансии деновиве соопшти дека Григори Лепсверидзе, попознат како Григори Лепс, е еден од шесте луѓе кои се ставени на црната листа бидејќи имаат врска со „Евроазискиот криминален синдикат“ наречен Братски круг.
Руското министерство смета дека обвинувањето на Вашингтон го крши фундаменталниот принцип на пресумпција на невиност. Портпаролката на Лепс вчера ги отфрли обвинувањата како апсурдни. Вкупно 28 лица и субјекти сега се на црната листа на САД за наводни врски со Братскиот Круг. Руски Форбс пишува дека во 2013 приходите на Лепс изнесувале 15 милиони долари.
XS
SM
MD
LG