Достапни линкови

Со ДНК утврдени биолошките родители на Марија


Марија

Марија

Бугарските власти соопштија дека со ДНК тестовите се утврдило оти парот бугарски Роми се биолошки родители на русокосата Марија, мистерија откриена во грчки камп на Ромите минатата недела.
Портпаролот на бугарското Министерство за внатрешни работи, изјави во Софија дека Саша Русева и Атанас Русев се родителите на Марија.
Русева претходно изјави дека е подготвена да ја земе повторно Марија но таа е под истрага дали нејзиното дете е продадено на двојка во Грција.
Марија е на возраст меѓу четири и шест години и беше пронајдена во ромската населба во Фарсала, во централна Грција.
XS
SM
MD
LG