Достапни линкови

Повторно симнати двојазичните табли во Вуковар


Од зградата на државната управа во Вуковар повторно се симнати двојазичните латинично-кирилични табли и тоа еден ден откако е донесена одлука за повлекување на полицијата и отстранување на барикадите кои ја обезбедуваа зградата на која се поставени двојазични натписи.
Претходно штабот за одбрана на Вуковар, кој се противи на поставувањето двојазични табли, соопшти дека на состанокот во петокот со премиерот Зоран Милановиќ немало договор да не се симнуваат двојазичните табли.
Премиерот Милановиќ изјави дека двојазичните табли остануваат бидејќи законот мора да се почитува, но дека полицајците веќе нема да ги обезбедуваат и дека, кој како ќе се однесува, е прашање на совеста.
XS
SM
MD
LG