Достапни линкови

БиХ прв пат на СП во фудбал, дебакл на Македонија


Илјадници граѓани на Сараево во раните утрински часови ги пречекаа фудбалерите на Босна и Херцеговина, кои успеаја прв пат да се пласираат на Светско првенство. Учеството на мундијалот во Бразил идната година тие го обезбедија со победата на гости над Литванија со 1:0. Решавачкиот гол го постигна Ведад Ибишевиќ во 67 минута.
Покрај оваа репрезентација, од европските селекции на првенството директно се пласираа и Англија, Шпанија, Белгија, Италија, Германија, Холандија, Швајцарија и Русија.
Најдобрите осум второпласирани репрезентации од деветте групи ќе играат бараж за преостанатите 4 места за мундијалот.
Репрезентацијата на Македонија неславно ги заврши овие квалификации. Синоќа во Јагодина Србија беше подобра со 5:1, со што Македонија заврши на последното 6-то место во групата.
XS
SM
MD
LG