Достапни линкови

logo-print

За два дена нуклеарни преговори за Иран


Шесте светски сили и Иран за два дена ќе започнат преговори во Женева чија цел е да се реши иранската нуклеарна криза.
Ова е прв состанок по изборот на новиот ирански претседател Хасан Рохани, кој вети дека ова прашање ќе се реши за една година.
Техеран сака да се олеснат меѓународните санкции и соопшти дека постои готовност за сериозни преговори.
Западните земји се загрижени дека цел на иранската програма е да се направи нуклеарно оружје додека Иран тврди дека станува збор за мирољубиво користење на атомската енергија.
XS
SM
MD
LG