Достапни линкови

Заврши телевизиското бирање на вработени за МШ


Илустрација.

Избрани се 1.600 лица од социјално ранливи категории кои ќе бидат вработени во државните институции и органи согласно огласот за вработување на лица од социјално ранливи категории објавен од ЈП „Македонски шуми“.
Компјутерското рангирање беше извршена во рамки на отворена програма на програмата на Македонската телевизија. Изборот е направен од над 20.000 пријавени лица.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески кој присуствува на рангирањето, рече дека проектот наменет да им помогне на најранливите категории на граѓани, оние кои, како што рече, се најсиромашни и кои вообичаено најтешко доаѓаат до работа.
На извршувањето на изборот присуствуваа и министерот за информатичко општество и јавна администрација Иво Ивановски и директорот на ЈП Македонски шуми Жарко Караџоски.
Лицата кои нема да бидат избрани од софтверот ќе имаат можност за жалба до Второстепена комисија, како и право да поведат управен спор.
XS
SM
MD
LG