Достапни линкови

"Пријатели на Македонија", во Македонија


Членови на неформалната група за поддршка на Република Македонија во Европскиот парламент „Пријатели на Македонија“ денеска и утре ќе престојуваат во Скопје, на покана на министерот за надворешни работи Никола Попоски.
Делегацијата ќе ја сочинуваат претседателот на групата, германскиот европратеник Мартин Кастлер и европратеникот Туне Келам од Естонија, двајцата од редовите на Европските народни партии.
Покрај средбата со министерот Попоски, предвидено е европратениците да се сретнат со претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, со премиерот Никола Груевски, како и со свои колеги во македонското Собрание.
Во фокусот на разговорите со европратениците ќе биде напредокот на Република Македонија во исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ и перспективите за отпочнување на преговорите за членство.
XS
SM
MD
LG