Достапни линкови

Почина поранешниот боксерски шампион Кен Нортон


Почина Кен Нортон, поранешен боксерски шампион во тешка категорија, кој славно му ја скрши вилицата на Мухамед Али во 1973 година. Тој почина во болница во Аризона. Нортон ја заврши својата кариера во 1981 година со рекордни 42 победи, седум загуби, едно реми и 33 нокаути. Тој се бореше во седумдесетите години од минатиот век во ерата на врвните боксери во тешка категорија. Во неговата група освен Али, беа и Џорџ Форман, Џо Фрејзер, Леон Спинкс и Џими Јанг.
XS
SM
MD
LG