Достапни линкови

Косово ја укина забраната, границата e отворена


Граничните премини Блаце и Јажинце на македонско-косовската граница од полноќ се отворени. Косово ја крена рампата за македонските производи, со што прекина и блокадата на косовската граница од македонска страна и наплатата на влезна такса за косовските државјани и возила во Македонија.

Косово ја укина забраната за македонски производи. Од ноќеска на полноќ граничните премини на македонско-косовската граница Блаце и Јажинце се слободни за собраќање. Во изминатите пет дена превозниците на Макамтранс во знак на револт поради трговската војна со Косово ги блокираа граничните премини.

Тоа значи дека отсега проткот на стоки, услуги и движењето на граѓаните од двете земји ќе се одвива непречено. Како што кажав и на почетокот, мој врвен приоритет беше изнаоѓање на решение и надминување на состојбата и тоа е постигнато како резултат на залагањата на двете влади.
Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за економија Ваљон Сарачини ноќеска го посетија преминот Блаце за да видат дали важи одлуката на Косово за прекин на ембаргото за што добија информации од македонските царински и полициски служби.

Министерот за економија Ваљон Сарачини изјави денеска дека на негово огромно задоволство недоразбирањата меѓу Косово и Македонија се надминати.

„Тоа значи дека отсега проткот на стоки, услуги и движењето на граѓаните од двете земји ќе се одвива непречено. Како што кажав и на почетокот, мој врвен приоритет беше изнаоѓање на решение и надминување на состојбата и тоа е постигнато како резултат на залагањата на двете влади“, изјави Сарачини.

Тој порача дека негов врвен приоритет од самиот почеток било изнаоѓање на решение и надминување на состојбата и тоа е постигнато како резултат на залагањата на двете влади. Според министерот за економија, Косово и Македонија се значајни партнери и во интерес на двете земји е да ги јакнат своите односи и на политички и на економски план.

Со ова завршуваат немилите процеси кои што беа во изминатите неколку дена помеѓу овие две држави, кои што настанаа како резултат на ембаргото на увоз прво на одредена група македонски производи, а потоа и целосна забрана за македонски производи од страна на Република Косово. Ние воведовме мерки кои што по автоматизам се укинуваат во оној момент кога и косовската Влада ќе ги укине.
Владимир Пешевски, вицепремиер за економски прашања

Владимир Пешевски, вицепремиер за економски прашања

Пешевски потврди дека по прекинот на косовската забрана престанува да важи и македонската мерка за надомест за влез во земјава. Мерките што беа воведени од македонската страна, според него, по автоматизам се укинуваат по укинувањето од нивна страна на ембаргото.

„Со ова завршуваат немилите процеси кои што беа во изминатите неколку дена помеѓу овие две држави, кои што настанаа како резултат на ембаргото на увоз прво на одредена група македонски производи, а потоа и целосна забрана за македонски производи од страна на Република Косово. Ние воведовме мерки кои што по автоматизам се укинуваат во оној момент кога и косовската Влада ќе ги укине“, изјави вицепремиерот Пешевски.

​За нормализирањето на состојбата беа информирани и превозниците од „Макамтранс“, кои по косовското ембарго во понеделникот вечерта ги блокираа премините Јажинце и Блаце. Со тоа стартуваше и влезот на камионите со производи од Македонија на Косово.

Македонската влада на завчерашната седница донесе одлука условниот увоз на брашно да престане да важи на 15 септември.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG