Достапни линкови

Времето сончево со умерена облачност, попладне можен дожд


Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне во западните и северните делови ќе има повремен дожд, а не е исклучена можноста и за ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, а попладне во западните делови и засилен ветер од западен правец.

Утринската температура се движи од 10 до 19, а дневната ќе биде од 25 до 33 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен ветер од западен, а кон крајот на денот од северозападен правец. Утринската температура се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 30 степени.
XS
SM
MD
LG