Достапни линкови

Нимиц: Важно е секоја страна да ги разбере ставовите на другиот


Macedonia - UN envoy in Macedonian-Greek name dispute Matthew Nimetz at a press-conference in Sкopje, 11Jan2013

Macedonia - UN envoy in Macedonian-Greek name dispute Matthew Nimetz at a press-conference in Sкopje, 11Jan2013

Медијаторот на ОН Метју Нимиц денеска по средбата во Атина министерот за надворешни работи на Грција Евангелоз Венизелос изјави дека состанокот со Венизелос бил многу конструктивен и оти „јасно ги сфатил позициите на грчката Влада“.
Тој нагласи дека Венизелос изнел детални коментари за идеите што медијаторот ги презентираше на двајцата преговарачи во април годинава.
„Ова се тешки преговори и сметам дека е многу важно секоја страна целосно да ги сфати ставовите на другата страна и потоа, се надевам ќе се доближиме. За мене е најважно да продолжи дијалогот, и со тоа, се надевам ќе бидеме се поблиску до взаемно прифатливо решение“, изјави Нимиц.
На новинарско прашање дали се точни информациите дека неговиот последен предлог е „Горна Република Македонија“, медијаторот повтори дека нема да ги коментира предлозите.
XS
SM
MD
LG