Достапни линкови

logo-print

Обама: Сирија нема да се претвори во нов Авганистан


Американскиот претседател Барак Обама рече дека непревземање акција против Сирија не е опција за Соединетите американски држави по нападот со хемиско оружје, кој според Вашингтон, бил во организација на Сиријскиот режим. Шефот на државата изјави дека САД треба да употреби ограничена сила во Сирија, додавајки дека сето ова нема да се претвори во уште еден Ирак или уште еден Авганистан. Во меѓувреме, американскиот државен секретар Џон Кери бара подршка за иницијативата на Вашингтон од министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија.
XS
SM
MD
LG