Достапни линкови

Мајкрософт ја купува Нокиа


Корпорацијата Мајкрософт соопшти дека за 5,44 милијарди евра го купува производството на мобилни телефони на Нокиа, со цел да има поголем удел на пазарот на мобилни телефони. Компаниите соопштија дека трансакцијата се очекува да бида завршена во почетокот на наредната година, а околу 32 илјади работници на Нокиа ќе преминат во Мајкрософт. Нокиа долго време беше водечка компанија на пазарот на мобилни телефони во светот, но во последните години го загуби приматот од Ејпл и Самсунг.
XS
SM
MD
LG