Достапни линкови

Груевски до Мијатовиќ – извршната власт нема ингеренции над судската



Жал ми е за тоа што му се случува на новинарот Кежаровски и разбирам дека госпоѓата Мијатовиќ на некој начин е повикана да се интересира за тој случај, но во Македонија, како демократска држава каде што се почитува Уставот, има силна разграниченост меѓу извршната и судската власт. Извршната власт нема ингеренции во однос на судската, ние тука не би требало и не смееме да се мешаме.Ова е дел од содржината на писмото што премиерот Никола Груевски ќе го испрати до претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ.Груевски, како што информира денеска одговорајќи на новинарско прашање, возвратното писмо до Мијатовиќ го изготвил вчера и откако ќе го испрати, рече, комплетно ќе им биде достапно на медиумите. Мијатовиќ пред два дена испрати писмо до премиерот Никола Груевски во кое продолжениот притвор на новинарот Томислав Кезаровски за уште 30 дена го оцени како неприфатлив
XS
SM
MD
LG