Достапни линкови

Србија - Македонија: проблемот со пченицата решен


Расим Љајиќ

Расим Љајиќ

Српската Влада ја поздрави одлуката за укинување на заштитната мерка за условен увоз на пченица и брашно од македонска страна.
Како што изјави министерот за надворешна и внатрешна трговија и телекомуникации Расим Љајиќ, Србија очекува Македонија во иднина да не спроведува вакви мерки зашто тоа е од интерес за двете страни. Македонија ја воведе мерката за условен увоз на пченица и брашно во јули годинава за да го заштити домашното производство.
Откако надлежните оценија дека пазарот е стабилизиран и дека се надминати сите предизвици за какви било нарушувања, донесена е одлука за укинување на мерката на 2 септември, а за брашно во првата половина на идниот месец.
XS
SM
MD
LG