Достапни линкови

Американски специјален пратеник ќе го посети Пјонгјанг


Американскиот специјален пратеник за Северна Кореја, Боб Кинг, ќе отпатува неделава за Пјонгјанг, со цел да издејствува ослободување на американскиот државјанин, Кенет Беи, кој е осуден во Северна Кореја на 15 години тешка работа. Беи, кој е тур оператор и христијански мисионер, беше уапсен во Северна Кореја во ноември и обвинет за субверзија. Посетата на американскиот пратеник на Северна Кореја ќе бида прва јавна посета на висок претставник на американската администрација во последниве две години.
XS
SM
MD
LG