Достапни линкови

СДСМ го отфрли предлогот на Груевски


ДПМНЕ залудно го врзува извештајот на комисијата за 24 декември со предвремени парламентарни избори, изјави заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска попладнево на прес конференција , одговарајќи на повикот на премиерот на предвремени избори. Таа додаде дека "предвремените парламентарни избори зависат од владиното парламентарно мнозинство и се врзуваат, не за извештајот за 24 декември, туку за економската катастрофа во која не доведоа, неможноста да се реализира буџетот ваков каков што е донесен, за раскалашното трошење на власта, за празната државна каса, за потребата од ребаланс на Буџетот, што е доказ дека СДСМ беше во право кога ги поднесе амандманите на Буџетот за 2013 година".
По тоа таа додаде:„Кога Груевски се соочи со извештај во кој комисијата се согласи дека на 24.12. Уставот беше прекршен при отстранувањето на пратениците од опозицијата, а како единствено отворено прашање остана прашањето за кршење на уставот во случајот со новинарите,“
Што се однесува до предлогот на премиерот во врска со извештајот таа рече дека СДСМ нема потреба од партиски извештај.
Потоа таа возврати со предлог кон ВМРО ДПМНЕ:
„Ве повикуваме да се согласите со формулацијата за прекршување на Уставот со исфрлањето на новинарите од собраниската галерија, бидејќи на секој наш граѓанин му е јасно дека беше повредена слободата на информирање.
Жално е да тврдите дека новинарите биле безбедносна закана во Собранието и затоа морале да бидат отстранети од галеријата. “
„Потоа со потписот на Вашите членови во комисијата, заеднички ќе можеме да го доставиме извештајот до оние кои го очекуваат од нас – до граѓаните на Република Македонија и до Европската унија.“
Што се однесува до изборите, обврска од мартовскиот извештај е создавање фер претпоставки за изборен натпревар, рече заменик претседателката на СДСМ, Шеќеринска.
XS
SM
MD
LG