Достапни линкови

Поддржувачите на Морси планираат протести


Исламистичките поддржувачи на отстранетиот египетски претседател Мухамед Морси упатија повик за одржување масовни протести против владата. За набљудувачите денешните протести се тест за изржливоста на на Муслиманското братство на Морси по неколку неделните насилства во кои стотици луѓе беа убиени, а повеќе лидери на движењето беа затворени. Морси кој беше отстранет од власт на 3 ти јули останува во затвор на тајна локација. Вчера екс лидерот на Египет Хосни Мубарак беше префрлен од затвор во домашен притвор. 85 годишниот Мубарак се соочува со обвиненија за корупција и убиства.
XS
SM
MD
LG