Достапни линкови

logo-print

Продолжува амандманската расправа по медиумските закони


Собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија денеска ќе ја продолжи амандманската расправа по Предлог - законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а во текот на вчерашниот ден поминати се само 13 амандмани од вкупно поднесените 94 за овој закон. Прифатени се пет амандмани од кои два на опозицијата.
Како втора точка на дневен ред на оваа седница е и Предлог-законот за медиуми за кого пратениците поднесоа над триесетина амандмани.
Според Деловникот за работа на Собранието, амандманите треба да бидат разгледани во рок од три дена од отпочнувањето на седницата на Комисијата односно до утре.
XS
SM
MD
LG