Достапни линкови

Меркел го посети концентрациониот логор Дахау


Германската канцеларка Ангела Меркел ги посети остатоците од нацистичкиот концентрационен логор Дахау во јужниот дел на Германија, каде што повеќе од 43.000 луѓе беа убиени од страна на нацистите во периодот од 1933-1945. Посетата на Меркел во Дахау беше прва од страна на еден германски канцелар. Таа изјави дека патувала таму со чувства на срам и тага, додавајќи дека она што се случило во концентрационите логори било продолжува да и биде неразбирливо.
Таа изјави дека антисемитизмот и расизмот остануваат закана за демократијата во Европа.
XS
SM
MD
LG