Достапни линкови

Се шират поплавите во Русија


Руските власти соопштија дека поплавите во источниот дел на Русија стигнале до областа Магдан. Повеќе од 23,000 лица биле евакуирани поради поплавите предизвикани од поројни врнежи. Од вчеравечер нивото на водата во реката Амур, која е природна граница меѓу Русија и Кина, се искачи за 16 сантиметри, достигнувајки го историски највисокото регистрирано ниво. Војската поставува барикади околу речното корито. Властите соопштија дека обезбедиле вреќи со песок во случај да дојде до излевање на реката.
XS
SM
MD
LG