Достапни линкови

Русија се оградува од забраната за увоз од Украина


Руската влада соопшти дека не влијаела на одлуката за суспензија на увозот на украински прехрамбени производи. Владата соопшти дека одлуката ја донеле царинските служби. За сега нема официјално објаснување за постапката на руските власти. Украинскиот премиер Никола Азаров изјави дека потегот следи по одлуката за формирање на царинска унија меѓу Белорусија, Казахстан и Русија. Украина најави дека ќе соработува со европската царинска унија. Официјална Москва бара од украинските власти да не развиваат соработка со европските царински власти, со цел да бидат примени во царинската унија на чело со Русија.
XS
SM
MD
LG