Достапни линкови

Продолжен притвор за азербејџански опозиционер


Судот во Баку му го продолжи притворот на опозиционерот Илкар Мамадов, лидер на опозициското движење Републиканска алтернатива. Мамадов ќе остане во притвор до судењето закажано на 4 ноември. Тој е втор опозиционер на кого судот му го продолжува притворот неделава, откако вчера слична одлука беше донесена и за заменик-лидерот на партијата Мусават, кој ќе остане во затвор до декември.
XS
SM
MD
LG