Достапни линкови

Полицијата фрла солзавец по демонстрантите во Египет


Полицијата во Египет употребила солзавец против лојалистите на отстранетиот претседател Мухамед Морси кои протестираат во Каиро. Медиумите јавуваат дека илјадници демонстранти маршираат кон владини згради. Тие биле нападнати од жителите на Каиро кои почнале да фрлаат со камења по подржувачите на екс-претседателот. Демонстрантите возвратиле со камења а полицијата интервенирала со солзавец. Египетската војска го отстрани Морси од власт на 3 јули и го суспендираше уставот во земјата по протестите против неговото владеење.
XS
SM
MD
LG