Достапни линкови

ОБСЕ: одржување на динамиката на спроведувањето на Рамковниот договор


„Тогаш, тоа беше победа на разумот и дијалогот наспроти конфликтот. Денес е важен патоказ кој го обележува суштинскиот процес на интеграција на општеството и градењето вистинска мултиетничка и модерна држава“. Ова го оцени вршителот на должност шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорката Мариане Берец по повод 12 годишнината од Охридскиот рамковен договор. Таа вели дека Мисијата на ОБСЕ ги поздравува и поддржува првичните чекори кои беа преземени во минатата година во насока на проценка на напредокот на имплементацијата на Охридскиот рамковен договор и со нетрпение ја очекува следната фаза. Вишиот координатор за односи меѓу заедниците во Мисијата Ари ван дер Пас ја повтори целосната поддршка на ОБСЕ во спроведувањето на процесот започнат пред 12 години и ги повикува сите заедници да обезбедат здрава основа за неговата имплементација и во втората декада.„Ако децата научат за богатството кое го нуди различноста и научат меѓусебно да се почитуваат, придобивките од Охридскиот договор ќе бидат зацементирани“, вели тој.
XS
SM
MD
LG