Достапни линкови

Азербејџанската опозиција предложи претседателски кандидат


Азербејџанскиот опозициски Национален совет на демократски сили денеска официјално го номинираше режисерот Рустам Ибрагимбеков за претседателски кандидат на партијата. Шефот на посебниот комитет на партијата формиран за претседателската трка Елман Мамадзаде најави дека во блиска иднина ќе се поднесат сите потребни документи за кандидатурата на режисерот. Ибрагимбеков на 74 годишна возраст на изборите ќе се соочи со актуелниот претседател Илхам Алиев.
XS
SM
MD
LG