Достапни линкови

Социјални немири ќе го соборат Хашим Тачи


Социјални немири може да доведат до паѓање на косовската Владата на премиерот Хашим Тачи и до предвремени избори, се наведува во извештајот на „Бизнис монитор интернешнл“.

Независна истражувачка организација со седиште во Лондон, предвидува дека во Косово набрзо ќе се организираат предвремени парламентарни избори. Тоа ќе се случи по избивањето социјални немири од страна на незадоволните граѓани од тешката социоекономска состојба создадена во последно време.

„Бизнис монитор интернешнл“ посочува дека големото присуство на војска и меѓународни дипломати нема да дозволат ескалирање на насилство.
XS
SM
MD
LG