Достапни линкови

Над 15 мртви во одвоени напади во Ирак


Во неколку одвоени напади во повеќе градови во Ирак загинаа 15 лица, соопштија властите во таа земја. Еден судија е убиен во автомобилот во кој била поставена бомба, додека четворица загинале, а тројца биле ранети во вооружен напад од страна на едно лице на улица во Киркук. Во меѓувреме тројца војници загинале кога нивниот камион налетал на бомба поставена на патот по кој минувале во близина на градот Мосул. Доцна синоќа експлодирала бомба во еден бар во западниот дел на Багдад, пришто загинале тројца, а 12 лица биле повредени.
XS
SM
MD
LG