Достапни линкови

logo-print

Земјотрес ја погоди северна Јапонија


Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала ја потресе северна Јапонија, но Државната метеоролошката агенција соопшти дека нема ризик од цунами. Епицентарот на земјотресот бил во областа Мијаги, истата област која беше уништена од силниот земјотрес во март 2011 година. Токио Електростопанство, операторот на нуклеарната централа Фукушима, која беше погодена од цунами и предизвика радијација по земјотресот во 2011 информираше дека нема извештаи за нови "аномалии" по денешниот земјотрес.
XS
SM
MD
LG