Достапни линкови

Белата куќа стравува од можни терористички напади


Белата куќа одржа состанок на високо ниво поради загриженоста од терористички напади поради што Вашингтон алармираше привремено да се затворат нивните амбасади во исламсите земји. Состанокот се одржа откако Интерпол издаде глобално предупредување за загрозување на безбедноста откако стотици милитанти на Ал каеда избегаа од затворите во текот на изминатиот месец. Бегствата се случија во девет земји - вклучувајќи ги Ирак, Либија и Пакистан. Американскиот претседател Барак Обама не присуствуваше на средбата во Белата куќа, но бил информиран за заклучоците подоцна. Оние кои присуствуваа беа советникот за национална безбедност Сузан Рајс, американскиот државен секретар Џон Кери, секретарот за одбрана Чак Хејгел и секретарот за внатрешна безбедност Џенет Наполитано. САД затворија дипломатски претстаништва во 17 земји денеска, а веројатно и во наредните неколку денови. Велика Британија и Германија ги затворија своите дипломатски позиции во Јемен. Канада ја затвори својата мисија во Дака, Бангладеш.
XS
SM
MD
LG