Достапни линкови

logo-print

Сноуден се заблагодари на Русија и ги критикува САД


Поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден се заблагодари на руската влада и ги обвини Соединетите американски држави за непочитување на меѓународните закони преку изјава објавена на интернет страницата „Викиликс“. Сноуден доби привремен азил во Русија во времетраењер од една година. Неговиот адвокат изјави дека тој е пренесен на тајна и безбедна локација. Соединетите американски држави бараат екстрадиција на 29 годишниот Американец кој откри детали за американските тајни програми за следење на комуникации. Сноуден се товари за шпионажа и побара привремен азил во Русија откако му беше поништен пасошот. Поранешниот разузнавач беше заглавен во транзит зоната на аеродромот повеќе од еден месец.
XS
SM
MD
LG