Достапни линкови

Четири милијарди евра помош за Грција од Еврозоната


Фондовите за помош од еврозоната денеска издвоија четири милијарди евра нова финансиска помош на Грција откако земјата ги исполни сите услови поставени од меѓународните кредитори за следната транша. Привремениот Европски фонд за финансиска стабилност (ЕФФС) и додели 2,5 милијарди евра на Грција. Средствата треба да бидат искористени за финансирање на буџетот и за елиминирање на долговите. Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ) исплати 1,5 милијарди евра од друга програма, која вклучува и купување на грчки обврзници од Европската централна банка. На почетокот од неделата Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри 2,3 милијарди долари за Грција. Досега ММФ и oбезбедила 11 милијарди долари на Атина, а ЕФФС 133 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG