Достапни линкови

Џон Кери во официјална посета на Пакистан


Американскиот државен секретар Џон Кери.

Американскиот државен секретар Џон Кери.

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска треба да пристигне во официјална посета на Пакистан. Ова ќе биде прва негова посета на Пакистан по изборот на новата влада во земјата по парламентарните избори во мај годинава. Кери треба да се сретне со новиот премиер Наваз Шариф и со други високи владини и воени претставници. Разговорите веројатно ќе се фокусираат на билатералните односи меѓу САД и Пакистан, кои често се заладуваат, како и на регионалната соработка, особено во врска со Авганистан. Вашингтон се надева дека Исламабад може да одигра позитивна улога во процесот на помирување помеѓу авганистанската влада и талибанците, кој е во застој. Белата куќа не соопшти колку дена Кери ќе се задржи во Пакистан. Тој требаше да пристигне во Исламабад завчера, но го промени планот.
XS
SM
MD
LG