Достапни линкови

logo-print

Екс-шефот на ММФ - нов советник на српската влада?


Поранешниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и некогашен француски министер за финансии Доминик Строс-Кан, чија кариера беше прекината по секс скандалот во хотелот „Софител“ во Њујорк, би можел да стане советник на Владата на Србија. Француските медиуми, кои го изнесуваат ваквото тврдење, се повикуваат на агенцијата ИТАР-ТАСС и на белгардслиот весник „Данас“, кои отворено го посочуваат Строс-Кан како нов советник на српската Влада. Медиумските шпекулации следат откако српскиот вице-премиер Александар Вучиќ пред неколку дена дека најави дека властите во Белград имаат намера да регрутираат страснки советниик, чие име „ќе одекне како бомба“.
XS
SM
MD
LG