Достапни линкови

logo-print

Курдските демонстранти се судрија со полицијата


Судири избија меѓу курдските демонстранти и силите за борба против тероризмот во пограничниот турски град Хакари, во југоисточна Анадолија. Демонстрантите со маски на лицата дефилирале и извикувале пароли за поддршка на борбата на сириските Курди и Курдската работничка партија (ПКК). Тие исто така поставувале барикади и фрлале кон полицајците со камења, петарди и молотови коктели. Полицијата употребила солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите. Некои од оклопните полициски возила биле опожарени од молотовите коктели.
XS
SM
MD
LG