Достапни линкови

Петорица убиени во бомбашки напади во Авганистан


Петмина загинале во два бомбашки напади во јужната провинција Хелманд, соопштија авганистанските власти. Двајца од починатите се полицајци. Портпарол на локалните власти рече дека тројца цивили загинале во експлозија на бомба поставена покрај пат. Двајцата полицајци загинале во експлозија на втора бомба додека се обидувале да помогнат. Едно лице е повредено во првите напади за време на светиот празник Рамадан.
XS
SM
MD
LG