Достапни линкови

Продолжува истрагата за исчезнатите во несреќата во Квебек


Канадските официјални лица соопштија дека 30 луѓе се уште се водат за исчезнати по несреќата со товарниот воз во Квебек, а за кои се претпоставува дека се мртви. Со дваесетте тела кои се пронајдени, бројот на жртвите од несреќата се искачи на педесет. Шефот на американската железничка компанија чиј воз се урна во градот Квебек го обвини инженерот дека не успеал да ги постави сопирачките правилно. Делови од уништената област биле премногу топли и опасни за да се истражуваат и да се најдат телата дури и неколку денови по катастрофата. Неколку згради се срамнети со земја во историскиот центар на градот, вклучувајќи го и популарниот бар што бил преполн кога трагедија се случила.
XS
SM
MD
LG