Достапни линкови

Хелсиншкиот комитет ги поздрави пресудите за насилствата на втори март


Хелсиншкиот комитет ја поздрави одлуката на основниот суд Скопје за изрекување затворски казни за инволвираните во насилните демонстрации на втори март на Бир Пазар. „ Осудените на затворски и условни казни, покрај другото, ја нападнаа и подружницата на Хелсиншкиот комитет - ЛГБТИ Центар за поддршка, при што причинија материјална штета“ се наведува во соопштението. „ Особено ја поздравуваме одлуката на судот да го прифати нашиот предлог при одмерување на казната како отежнителна околност да се смета фактот што нападот на Центарот е сторен поради неговата основна функција - поддршката на ЛГБТИ популацијата и борбата против дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“ се додава во дописот до медиумите, со забелешка дека канцелариите на институцијата се нападнати уште два пати, за што комитетот презентира и видео.
XS
SM
MD
LG