Достапни линкови

Безпилотно летало уби 17 милитанти во Пакистан


Американско безпилотно летало бомбардирало цели во северо-западен Пакистан, а според официјални пакистански претставници, биле убиени 17 милитанти. Тие биле припадници на Хакани мрежата за која Вашингтон смета дека е една од најопасните милитантни фракции кои се борат против странските сили во соседен Авганистан. Ова е втор ваков напад со американско безпилотно летало откако во јуни новиот пакистански премиер Наваз Шариф стапи на должност и побара запирање на ваквите акции.
XS
SM
MD
LG